Две причини за да потрошиш 5 години на собирање капачиња

Капачињата не само што не мораат да бидат ѓубре, туку можат да ти бидат и главниот елемент во дневната.

Типов, заедно со другарите и семејството, цели 5 години собирал баш тоа – капачиња. На крајот собрал 2.530 парчиња, што од домашни, што од увезени пијалоци.

Првичната идеја му била од капачињата да состави слика, ама потоа се решил за „полесната“ варијанта – градиент од нијанси, за кој му требале 4 часа и неколку обиди од нула.

Како и да е, резултатот вреди – уникатен шанк за цепање пред гости, ама и за лично уживање. Втората причина е рециклажа, нормално.

- Реклама -