Две лица повредени во пукање пред тетовската болница

Две лица се повредени со огнено оружје пред зградата на Ургентниот центар во Клиничката болница – Тетово, јави дописникот на МИА. Поради природата на повредите едно од лицата е упатено во Клиничкиот центар во Скопје.

СВР Тетово вечерва соопшти дека околу 18 часот и 5 минути кај нив е пријавено дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани.

Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Местото каде што се случила престрелката е под силно полициско обезбедување.

Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето.

Полицијата работи на расчистување на случајот. 

МИА

- Реклама -