Во селото Пржеводов на полската страна на полско-украинската граница попладнето се случила експлозија, а според првичните информации загинале две лица. Полските медиуми објавија дека војската и полицијата се на терен, но причината за експлозијата засега официјално не е позната.
Сепак, според дел од неофицијалните информации на медиумите, експлозијата се случила по пад на проектил (според дел од медиумите имало две експлозии, односно два проектила), а неименуван висок американски претставник изјавил дека експлозијата е предизвикана од руски ракети. Од Пентагон, меѓутоа, велат дека не можат да потврдат дека се работи за руски ракети.
Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, итно го свика Комитетот на Министерскиот совет за прашања на националната безбедност и одбраната, соопшти владиниот портпарол Пјотр Мулер, но не откри која е причината за состанокот, освен дека е свикан поради „кризна ситуација“.
Пржеводов се наоѓа на 8 километри од границата со Украина, а според неофицијалните информации, погодена била сушара за жито.
The #Polish Rescue Service clarified that the hit was in the village of #Przevodov, 8 km from the border with #Ukraine#Poland #Russia #NATO pic.twitter.com/QXnU958SZ0
— Arthur Morgan (@ArthurM40330824) November 15, 2022
🚨🚨🚨Report:
Footage from the site of the fall of missiles in the Przevodov – #Poland
According to local authorities, two civilians were killed in the incident. pic.twitter.com/ilr2zkIF9h
— OsintTv📺 (@OsintTv) November 15, 2022