Во СВР Скопје вечерва во 20.11 часот е пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.
Од МВР информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Како што објавија медиумите, престрелката се случила на улица „Самоилова“ во Општина Чаир, во близина на кафе барот „Шиша бар“.
МИА