По несреќата во фабрика во Лебедјан во Русија, неколку од улиците во градот беа преплавени со газиран сок.
До несреќата дошло кога се срушил кровот на фабриката, што (веројатно поради оштетување на резервоарите) предизвикало излевање на неколку тони газиран пијалок, пренесува Фокс Њуз.
„Свесни сме за ситуацијата во градот Лебедјан. Безбедноста на луѓето ни е најголем приоритет и соработуваме со итните служби, за по потреба, да им помогнеме“, рече портпаролот на компанијата PepsiKo.
При инцидентот се повредени две лица, а задолжените за расчистување сé уште се борат со остатоците од кровот.
Засега не се пријавени други поголеми штети. Од друга страна, по излевање на дел од сокот во реката Дон, надлежните будно го следат нивото на загадување.
Што само зборува колку е здрав сокот, нели.