Разделба на родителите е полоша за среќата на детето од немањето пари. Според резултатите од една студија недостаток на еден од биолошките родители има поизразен негативен ефект врз среќата на детето отколку материјалната состојба на домот.
Всушност, ни сиромаштијата ни богатството немаат ефект врз среќата, иако со порастот на бројот на браќа и сестри опаѓало нивото на среќа. Студијата покрила повеќе полиња, и открила дека, помеѓу возрасните, среќата во врската се намалува со текот на времето и венчаните двојки се посреќни од оние кои само живеат заедно. Сè на сè најсреќните врски биле врските помеѓу двајца луѓе со дипломи кои биле заедно помалку од 5 години, немаат деца и каде мажот е вработен.
Фактори кои влијаат врз среќата во врската биле возраста на индивидуите, дали се во брак или само живеат заедно и времетрањето на врската. Ова била најголамата студија од овој тип во светот, и за неа ќе бидат потрошени околу 49 милиони британски фунти до 2015. Во студијата биле опфатени 34.500 Британци од кои над 2000 биле деца помеѓу 10 и 15 години.
Ова е само прв дел од огромна студија која ќе следи 100.000 луѓе во 40.000 домаќинства секоја година со цел да открие повеќе за неколку аспекти од животот како здравје, искуство со криминал, финансии, работа и мислења. Научниците кои се одговорни за студијата веруваат дека ќе успеат да соберат околу 3 милијарди парчиња информации. [Living with both parents ‘more important to a child’s happiness than material wealth’]