Два нови потврдени случаи на коpoнавирус во Македонија

Денеска, во попладневните часови, за коронавирусот СОVID-19 се тестирани двајца нови пaциeнти. Нивните резултати се позитивни, односно потврдено е присуство на вирусот, соопшти попладнево Министерството за здравство.

Според досегашните информации на Министерството, се работи за двајца сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија.

Во моментов Министерството ги собира деталите за пациeнтите.

Дополнителни информации министерот Венко Филипче ќе соопшти на прес-конференција закажана за во 19:30 часот.

Денеска беше потврден и првиот случај на коронавирус во Србија (прочитајте ТУКА).

 

- Реклама -