Два натпревари суспензија за Даку од УЕФА за пцостите кон Србите и Македонците

Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку е дисквалификуван два натпревари на Евро 2024, објави сајтот на Албанската фудбалска федерација.

По натпреварот против хрватската репрезентација (2:2) во второто коло на групниот турнир на Евро 2024, Даку започна со навредливо скандирање (псовки) насочено кон Србите и Македонците.

Дваесет и шестгодишниот напаѓач нема да игра против Шпанија во третото коло и ќе го пропушти 1/8-финалето на турнирот доколку Албанија успее да се пласира од групата.

Воедно, и клубот Рубин Казан за кој настапува Даку најави казна за својот фудбалер.

Прочитајте и:  Таткото на Даку за пцовките кон Србите и Македонците на ЕП 2024: Му реков на Мирлинд да не го прави тоа повеќе
- Реклама -