Кинезот Џин Сонгао поставил нов светски рекорд откако овој понеделник, на 3 јануари 2011 година поминал 120 минути покриен со мраз. Новиот рекорд бил поставен во градот Жангџиаџие, во кинеската провинција Хунан, каде што покрај Сонгао уште еден Кинез се обидел да постави нов рекорд.
Педесет и две годишниот Кецаи издржал само 118 минути, по што докторите решиле да го прекинат неговиот обид поради ненадеен пад во телесната температура. Но, педесет и четири годишниот Сонгао издржал две минути повеќе, и дури ги покажал и неговите калиграфски способности додека бил покриен со мраз. Откако бил изваден од кутијата со мраз тој рекол „Добро сум, добро сум“, и покрај тоа што неговата кожа била црвена. Двајцата предизвикувачи го надминале претходниот рекорд, поставен од педесет и едно годишниот холанѓанец Вин Хоф кој издржал само 115 минути. И кецаи и Сонгао потекнуваат од кинеската провинција Хеилонгџианг, каде што температурата во зима редовно паѓа до -40 степени целзиусови.