ДУРИ 75% ОД НОВИОТ JAGUAR XE Е ИЗРАБОТЕН ОД АЛУМИНИУМ

Jaguar понуди дополнителни информации за најновиот свој модел што ќе дебитира на 8 септември во Лондон.

Jaguar XE ќе користи алуминиум за 75% од конструкцијата на каросеријата, што не само што ќе ја намали вкупната тежина, туку ќе обезбеди и висока отпорност на торзија. Всушност, XE ќе е првиот автомобил во светот кој ќе користи посебен алуминиум, наречен RC 5754, развиен специјално за baby Jag, користејќи големо количество рециклирани материјали.

Најекономичната опција на Jaguar XE ќе троши под 4 l/100 km и ќе одделува под 100 g/km емисија CO2. Toп верзијата ќе развива над 300 km/h максимална брзина, најверојатно XER-S, за која се претпоставува дека ќе се вградува V8 5,2-литарски мотор со 542 КЅ, земен од F-Type R Coupe.

По дебито на 8 септември во Лондон, XE ќе биде првиот модел на Jaguar, чие производство ќе започне во новата фабрика, која се наоѓа во Солихул, во Велика Британија.

 

- Реклама -