Денес Дуна обележува 20 години од основањето, јубилеј кој е придружен од долгорочната ориентираност на компанијата кон врвни IT производи, решенија и услуги.
Основана во 1994 година, уште од самите почетоци компанијата имаше визија да понуди врвни информатички технологии во земјата, но и на интернационалните пазари.
Во изминатите две децении, Дуна има зад себе многу достигнувања и се вбројува меѓу најуспешните компании во земјата. Застапник е за повеќе светски брендови: Apple, RICOH, OKI, Psion, Motorola, Clasus, Brahler ICS, Tentnology и Garmin, производител е на фискални уреди и препознатлива е меѓу бизнис заедницата по своите софтверски решенија ULTIMA® кои им овозможуваат целосна трансформација, раст и развој на компаниите.
Дуна работи на повеќе од 10 странски пазари и опслужува повеќе од 10000 компании и физички лица. Главниот фокус на компанијата е да обезбеди целосни решенија, интеграција и одржување во компаниите, апликативен софтвер и управување со документи, преку постојани иновации, единствена понуда на пазарот и извонредна услуга од високо-стручниот кадар.
Токму затоа, од 2001 година Дуна постојано вложува во подобрување на квалитетот и вклучува нови стандарди во своето работење меѓу кои денес ги вбројуваме ISO 9001:2008, ISO 14001:2004, ISO 27001:2005 и ISO 20000-1:2011.
Како предводник на полето на корпоративната општествена одговорност во Македонија, Дуна има добиено 8 награди, од кои и едно јубилејно признание за континуирано спроведување на општествено одговорни практики во период од 2007 – 2011 година.
Оваа година, Дуна повторно ја доби Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2013 година во категорија Вложување во заедницата, која ја доделува Министерството за економија на Република Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата. Дополнително, по оваа награда, следуваше уште едно интернационално достигнување, кога Дуна стана национален шампион на European Business Awards 2014/15 со Наградата за животна средина и корпоративна одржливост, што претставува силна потврда на активностите на компанијата во текот на годините.