ДУИ: Владата сака да го стопира проектот за булеварот на патот кон Косово

Моноетничката власт напредува, од еден скандал на ден веќе се случуваат по неколку скандали дневно, 60 дена влада, 120 скандали.

Демократската Унија за Интеграција го смета за неприфатлив и неостварлив предлогот на моноетичката влада проблемите со градот Скопје да се решаваат на сметка на Албанците преку стопирање за изградба на булеварот Хасан Приштина на патот кон Косово. како и клучката на семафорите на улицата Словенечка, кој го поврзува и Чаир со патот за Косово.

Како и по обичај, ниту збор од В-аза-ЛЕН за овој потчинување, понижување, омаловажување на Албанците од страна на моноетничката власт.

Владата на ДУИ му додели на градот Скопје 8 милиони евра за булеварот Хасан Приштина што го поврзува Скопје со обиколницата на патот кон Косово и клучката што го поврзува тој булевар со Чаир, Бутел и Шуто Оризаре.

Прочитајте и:  Таравари: И да има избори Ахмети пак ќе бара нови, подобро да се фокусира на реформи и адаптација во опозиција

По негирањето на државното знаме, „делумното“ познавање на албанската химна, отстранувањето мжна албанскиот јазик, навредите кон административците, откажувањето пд уставните измени, Охридскиот договор, легитимитетот, јавно дадениот збор и депонираниот потпис, срамот пред Косово и Албанија, негирањето на Косово, носењето на путинистот Стоилковиќ како задолжен за нашите права, откажувањето од коридор 8, дојде ред да се запре и виталниот проект за изградба на булеварот Хасан Приштина на патот кон Косово.

Имате ли трошка достоинство? Зошто влеговте во владата без легитимитет, кога нема ниту една точка од вашата програма?

Одговорот е јасен, да се збогатите на сметка на народот и да му служите на ВМРО во антиалбанските политики.

ДУИ

- Реклама -