Демократската унија за интеграција со загриженост ги следи медиумските известувања за флагрантна злоупотреба на јавните набавки во општина Чаир, велат од партијата.
„Се известува дека од 2020 до 2023 година – општина Чаир издвоила 16 милиони евра за тендери за две фирми ‘Бауер БГ ДОО’ и ‘ЕнергоИнвест Трејд’, кои имаат ист сопственик, Гордана Димитрова.
Според информациите, општина Чаир со компанијата ‘Бауер БГ’ склучила 23 договори за јавни набавки во вредност од 4.113.165 евра, како и договор за плоштадот ‘Скендербег’ во вредност од 11.091.674 евра, што е вкупно 15.204.843 евра“, се наведува во реакцијата.
Од ДУИ, како што велат, ги повикуваат надлежните институции да ја испитаат евентуалната злоупотреба на буџетските средства и да постапат согласно законот.