Истражувањето
објавено во водечките академски журнали го потврдува она за што многу
жени-комедијантки, како и останатите се сомневаа: Мажите се заплашени од
нивниот тип на хумор.
Кога се работи за
наоѓање на придружник за сериозна врска мажите не сакаат партнер кој цело време
ќе прави шеги и досетки.
„Мажите хуморот
го гледаат како машка работа“ – објасни д-р Род Мартин.
Неговите
истражувања беа објавени во научното списание „Еволуција и човечкото
однесување“. Стотици мажи и
жени во раните дваесетти беа испитани. Запрашани дали смислата за хумор ја
прави жената атрактивна, повеќето мажи одговориле со ДА. Меѓутоа запрашани дали
би сакале да бидат со жена која константно прави шеги, одговорот бил децидно
НЕ.
„Принудени да
изберат помеѓу продукција на хумор и неговото ценење кај потенцијалните
партнери, жените ги вреднуваат хумористичните, додека мажите оние кои се
рецептивни на нивниот хумор“ – вели д-р Мартин.
Повеќе од
половина од мажите кои учествувале во анкетата откриле дека духовитоста не е
карактеристика која ја бараат кај партнерите.
Истражувачкиот проект
покажува дека мажите не биле заинтересирани за духовити жени како партнери за
сериозна врска, но всушност токму тие квалитети ги барале кај жените кога би
дошло до краткотрајна, односно едновечерна врска.