Духовите на Кина (видео)

Духовите на Кина (видео)Во последните десетина години неминовно сте чуле за неверојатниот економски раст на Кина, темпото со кое ита кон приматот – најголема светска економска сила – и ред други митови. Но, што крие реалноста?

Со години Кина одржува БДП од приближно 10 проценти. Во моментов, тој изнесува стабилни 9,1%. Но, дали е сè така розово како што изгледа? Според аналитичарите кои говорат за австралиската телевизија SBS, Кина вештачки одржува висок раст на економијата, со што создава економски меур кој во одреден миг ќе пукне. Ова се прави преку проектирање на БДП од централната власт, кој потоа мора да биде достигнат од локалните власти.

Како резултат, во Кина годишно се основаат по десетина нови градови, а во мигов, на повеќе локации низ земјата, се проценува дека преку 64 милиони станови се празни, поради фактот што цената им е одредена во опсегот помеѓу 100 и 300 илјади американски долари – лудост во земја во која просечната плата е околу 500 долари. Дополнително, инвеститорите бараат исплата на половина од сумата пред вселување и доплата на остатокот во рок од најмногу 3 години.

Прочитајте и:  Кина по зеленото светло за Украина за напади во Русија: Најитно е да се поттикне деескалација што е можно побрзо

На другата страна од приказната, милиони Кинези живеат под кирија, во ужасни услови, во пренатрупаните градови како Пекинг и се борат за подобра егзистенција за своите деца. Кинеските социолози предупредуваат дека со ова се создава стратификација на општеството, што на среден или долг рок може да доведе и до социјални немири или револуција поттикната од сиромашните граѓани.

{youtube}rPILhiTJv7E{/youtube}
Гилам Талат, аналитичар што живее во Хонг-Конг го нарекува претераното градење на кинеската влада и покрај недоволната (или несоодветната) побарувачка – модерен еквивалент на пирамидите – тоа не го подобрува животот на граѓаните, но го одржува растот на БДП. Во меѓувреме, сонот на милиони Кинези дека еден ден ќе поседуваат сопствен дом, останува само сон. [via SBS Dateline]

- Реклама -