Drum ‘n’ Zez во Хавана на 25. ноември

drumnzezНа 25. ноември во клубот Хавана ќе гостува српската група Друм н Зез, а како пред група ќе се појават Конкеринг Лион (мкд) и Дј-и – Актив Раста Селекторс, ДЈ Чарлито, Мастрафизам Саунд Систем.

drumnzezНа 25. ноември во клубот Хавана ќе гостува српската група ДРУМ Н ЗЕЗ, а како пред група ќе се појават Конкеринг Лион (мкд) и Дј-и – Актив Раста Селекторс, ДЈ Чарлито, Мастрафизам Саунд Систем.

Поводот за гостувањето на овие момци со голема смисла за хумор, е промовирање на новите правци во музиката, како  агро – реге и панонски-поп. Нивните албуми “Од солена вода“ и ”Вкусот на Дунав” се издадени за Студентскиот Младински Центар во Нови Сад, и за ПГП-РТС.

Во нивните настапи секако се издвојуваат фестивалите како “Лето на штанду“, “Нови Сад Затоа“, “Битола отворен град 2005”, “АТР ЕКСПО 2006 Нови Сад”, “Фестивал на улични музичари”  и се разбира “ ЕГЗИT 06 – ЕГЗИТ 07 (Балкан фјужн стејџ)”, “ Сисплеш 2007” во Пула (Хрватска) и “Тренчтаун фестивал” Суботица 2007.

Во март 2008 учествуваат на Беовизија, а поради добриот прием кај публиката доделена им е награда за “најдобри дебитанти”, и имаат забележителен настап на Ворлд мјузик стејџот на ЕГЗИТ 2008. Се на се, имаат рецепт за среќа и уживање. 

КОНКЕРИНГ ЛИОН е хардкор, даб, реге бенд од Тетово,  кој својата кариера ја започнува во април 2007 година. Во октомври 2007 бендот ги снима своите први демо снимки по кои настапува на фестивалот “Мovement of Jah people ” во Софија, Бугарија и на ВИНЕР ФЕСТ  2007. Во 2008  година бендот настапува скоро низ цела Македонија, меѓу кои можеме да ги издвоиме настапите на ТОНИ фест во Клуб Кастро и на Боб Марли денот на школка во градскиот парк во Скопје. Успешната година бендот ја крунисува со заедничкиот настап со Хорс Ман Којот (Ајсбрн). По двата успешни настапи на Тренчтаун фестивалот во Суботица (Србија) и по завршувањето на снимањето на нивниот прв албум, Конкеринг лион прави 8-дневна турнеја низ Србија.

Да не ви раскажуваме, дојдете и забавувајте се на 25. ноември, Клуб Хавана, влез:  150 денари

http://www.drumnzez.com
http://www.myspace.com/drumnzez

- Реклама -