Дрогба се сели во Шангај

Кинескиот фудбалски клуб Шангај Шенхуа ја стартуваше финалната рунда преговори со напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба, пренесуваат кинеските медиуми.

„Висок функционер на Шангај веќе престојува во Брегот на Слоновата Коска, на финалната рунда преговори, со цел веќе и официјално да се потпише договор со Дидие Дрогба“ пишуваат Кинезите.

Од Шангај веќе долго време водат преговори со офанзивецот на Челзи, убедувајќи го да мине во нивниот клуб каде веќе настапува неговиот поранешен соиграч, Французинот Никлас Ањелка.

34-годишниот Дрогба во мај најави дека заминува од Челзи каде играше осум години во кои освои трофеи во Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот.

Новиот тренер на Шангај, Аргентинецот Серхио Батиста од доаѓањето во клубот на почетокот на месецот во повеќе наврати изјави дека се очекува пристигнувањето на Дрогба. Шангај во моментов се наоѓа на 16. место во кинеската лига.

Прочитајте и:  Кина по зеленото светло за Украина за напади во Русија: Најитно е да се поттикне деескалација што е можно побрзо

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -