Решенија за домашна депилација постојат, но тајната на овој древен руски рецепт е во тоа што тој наводно, постепено и засекогаш го решава проблемот со влакната. Имено, тие најпрво се проретчуваат, а после неколку месеци сосема исчезнуваат.
Секоја жена која води сметка за својот изглед знае колку време може да одземе депилацијата или секојдневното бричење. Влакната на женското лице се особено непријатен естетски проблем.
Рецептот може да се применува подеднакво за отстранување на влакната како од лицето, така и од телото.
Постапка и подготовка на рецептот:
Соберете неколку лушпи од ореви (не кората), исушете ги и запалете, па добиената пепел прелејте ја со вода, така што ќе создадете смеса како крема или паста.
Оставете ја да отстои 12 часа, а потоа натопете памук во смесата и тапкајте по деловите од телото, од кои што сакате да отраните влакна.
Потребно е да ја повторите постапката повеќе пати дневно ( на пример 3 пати) се додека не воочите резултати, а уште поефективно е, смесата да ја држите 30 минути дневно како облога.
Добро измијте го местото после тоа.
Влакната ќе растат сè помалку и поретко.