Како што дознаваат српските медиуми, авионот со кој патувал најпознатиот турски актер Халит Ергенч кон Белград, се случило дефект, а актерот за среќа преживеал.
Турскиот актер Халит Ергенч, кој ја има главната улога во хит серијата „Сулејман Величествениот“ во кој глуми еден од најголемите отомански владетели, за малку ќе доживеал ужасна несреќа, откога се случило дефект со тркалото и паднало од авионот со кој летал кон Белград!
Поточно, предвидено било дека Халит во Белград требало да стигне околу 19 часот, но поради незгодата стигнал на самиот крај на премиерното емитување на првата епизода од третата сезона на серијата. ТВ „Nova“ го организирала доаѓањето на актерот во српскиот главен град и неговото дружење со многубројните познати личности.
Меѓу првите пристигнала Цеца Ражњатовиќ, која имала договорена вачера со Ергенч, затоа што турскиот плејбој изразил желба да се запознае со две најголеми музички ѕвезди во Србија. Требало да им се придружи и Горан Бреговиќ, но како што пренесуваат медиумите, вечерата на се случила.
Многубројни познати личности дошле за да се запознаат со големата ѕвезда: Сузана Манчиќ, Николина Пишек, Весна Дедиќ, Јелена Бачиќ Алимпиќ, Калина Ковачевиќ, Цеца Ражњатовиќ, Виктор Савиќ, Адрија Милошевиќ и Мима Караџиќ.