Драги: На ЕУ ѝ требаат 750 до 800 милијарди евра инвестиции годишно

Европската Унија треба да развие „нова индустриска стратегија“ за поттикнување на својата намалена конкурентност со цел да постигне поголем економски раст, оцени поранешниот италијански премиер и екс-претседател на Европската централна банка, Марио Драги на прес-конференција во Брисел по повод презентацијата на неговиот Извештајот за перспективите на конкурентноста на ЕУ.

Драги оцени дека за разлика од САД и Кина, ЕУ е „заглавена во статична индустриска структура“ и затоа и се потребни поголеми инвестиции во истражувањето и иновациите и технологиите за чиста енергија, како и модел за побрзо носење одлуки.

За да постигне нов економски раст, според Драги, на ЕУ и требаат инвестиции од 750 до 800 милијарди евра на годишно ниво, што претставува 4,4 до 4,7 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на Унијата во 2023 година.

Прочитајте и:  Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел

Тој нов пристап на ЕУ, Драги го спореди со американскиот Маршалов план инициран по Втората светка војна за обнова на разурнатата и економски девастирана Европа.

Пред една година Европската комисија побара од Драги да подготви извештај за иднината на конкурентноста на Европа, заедно со препораки за справување со економските предизвици со кои се соочува ЕУ и за обезбедување нејзина посилна позиција во светот во услови на засилена економска конкуренција.

- Реклама -