„Драг Емануел, не грижи се, на Емили и’ e добро со нас“ – градоначалникот на Рим во клинч со Макрон поради популарната серија

Еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон посака главниот лик од серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ да се врати од Италија во француската престолнина, градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери изјави дека нa Емили и’ е многу добро во Рим.„Почитуван Емануел Макрон, не грижи се: Емили се чувствува многу добро во Рим“, рекол градоначалникот, Роберто Гуалтиери, пренесува денеска „Политико“.Гуалтиери додаде дека срцето не може да се контролира и дека на Емили треба да и’ се дозволи да избира.Во четвртата сезона од серијата, Американката Емили Купер, која ја игра актерката Лили Колинс, се сели од Париз во Рим поради работа.Макрон вчера на шега изјави дека ќе се бори главниот лик од хит серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ да се врати во француската престолнина по нејзиниот престој во Рим.„Ќе се бориме напорно (за таа да се врати). И ќе бараме од нив да останат во Париз! „Емили во Париз“ нема смисла во Рим“, изјави Макрон за магазинот „Варајети“.Според него, оваа серија му донела голем успех на Париз и на целата земја, а неговата сопруга Брижит е толку заљубена во серијата што дури и се појавила во една епизода, што го направило Макрон, како што вели, „многу горд“.Брижит Maкрон се појавува во четвртата сезона на серијата „Емили во Париз“Во интервју за римското издание на магазинот „Холивуд репортер“, градоначалникот на Рим го предупреди францускиот претседател да не се меша во продукциските планови на Нетфликс.Гуалтиери додаде дека разговарал за коментарите на Макрон и со градоначалничката на Париз, Ан Идалго, и дека и двајцата се насмеале.„Гледаме дека Емили се сели во Рим, што е потврда дека нашиот град станува се поважен и целосно сме опуштени околу одлуките на продукцијата на Нетфликс. Тие знаат што прават“, рече Гуалтиери, додавајќи дека Макрон треба само да се опушти.Текстот „Драг Емануел, не грижи се, на Емили и’ e добро со нас“ – градоначалникот на Рим во клинч со Макрон поради популарната серија е превземен од МАКФАКС.
Извор