Дознајте со помош на рачен часовник уште колку ќе живеете

Една компанија произвела рачен часовник под името Тикер кој  буквално  одбројува  до последните минути од вашиот животот. За што станува збор? Кога купувате Тикер во него внесувате одредени податоци кои измеѓу останатото се однесуваат на вашите години и здравствената состојба. Потоа часовник тоа го обработува , па започнува со одбројување.

Иако целата идеја делува поприлично морбидно дизајнерите тврдат дека поентата е да му се помогне на современиот човек да не го губи залудно времето од својот живот.

„Мислам дека можеме да имаме многу подобар живот доколку донекаде знаеме што не очекува. Целта е луѓето да ги согледаат оние мали нешта кои го чинат животот од поинаков агол“, тврди дизајнерот Фредерик Колтинг.

[youtube]http://youtu.be/Z_sKoPvEDNU[/youtube]

- Реклама -