Дознајте која марка ја освои титулата „Камион на годината“

Престижната награда беше доделена на Бруно Блан, претседател на Renault Trucks, за време на 65-то издание на меѓународниот саем за комерцијални автомобили IAA во Хановер.

Со резултат од 129 поени или 48 пред следниот во рангирањето и признание за најголем придонес во транспортната индустрија за оваа година Renault Trucks спектарот Т ја освои наградата „Меѓународен камион на годината за 2015“ за време на најпрестижниот автомобилски саем IAA во Хановер. Главните критериуми на кои жирито ја базирале својата одлука биле: технолошките иновации, комфортот, безбедноста, однесувањето на патот, заштедата на гориво, екологијата и сеопфатната цена на сопственост. Специјалистите ги истакнаа квалитетите на Renault Trucks, особено исклучителната аеродинамика и удобноста, како за време на возењето, така и за времето за одмор.

„Моделот Т комбинира квалитети од своите претходници со најновите технолошки иновации во светот на камионите“, сумираше Џанфранко Грифин, претседател на жирито „Камион на годината“ (ITOY). „Тоа доведе до една од најзначајните презентација во индустријата за последните неколку години“, додаде тој.

При врачувањето на наградата претседателот на Renault Trucks, Бруно Блан изјави: „За мене е чест да ја прифатам оваа награда од името на Renault Trucks. Би сакал исто така да ја споделам со сите кои работат во нашата компанија и во нашата мрежа низ целиот свет. Таа не прави нас горди, но секако и оние кои ги возат нашите камиони. Ова меѓународно признание го нагласува идентитетот на новата палета камиони Renault и сум убеден дека е добар аргумент за освојувањето на нови клиенти“.

- Реклама -