Викаат кучињата мразат поштари и сé што шета на две нозе во форма на доставувач, но очигледно не сите кучиња. Не и кучето по име Snowball („снежна топка“, во превод).
Ова преслатко бело топче на четири нозе, што се гледа и од името, секогаш се радувало на средбата со доставувачот на UPS (компанија за брза достава). Овој, пак, секогаш го честел со понекоја играчка или колаче. На крајот дошло време и Snowball со нешто да го почасти и израдува својот омилен доставувач (со мала помош од луѓето кои го чуваат, секако).
Ѕирнете во видеото дали му појде од рака… овај, од шепа. Да не откриваме спојлери, ама по „гестот“ го прашуваат доставувачот: „По ова сигурно Snowball ти е омилено куче“, на што овој враќа „Ма не, ми беше омилено и претходно“.
Е па ете, денес нема да чуете и видите многу послатки нешта од ова.