Верувале или не, досадата навистина може да го скрати вашиот живот, тврдат научниците.
Верувале или не, досадата навистина може да го скрати вашиот живот, тврдат научниците. Оние кои често се жалат дека им е досадно веројатно ќе умрат пред време, а оние кои ја доживуваат досадата особено интензивно имаат за 2,5 поголеми шанси да заболат од срцеви заболувања или да доживеат срцев удар од оние кои се помалку-повеќе задоволни луѓе.
Над 7.000 јавни службеници учествувале во проучувањето кое траело 25 години. Учесниците кои често се жалеле на досада во 40% од случаевите умреле пред студијата да биде завршена. Научниците сметаат дека причината за тоа би можела да се крие во фактот дека на оние на кои им е досадно и кои се незадоволни со својот живот често се препуштаат на нездравите навики како пушењето и пиењето за кои се знае дека делуваат врз должината на човечкиот живот.
Специјалистите од Оделот за епидемилогија и јавно здравство од Лондон анализираа податоци за 7,524 службеници на возраст помеѓу 35 и 55 години кои беа интервјуирани во текот на периодот од 1985 до 1988 за интензитетот на досада која ја доживуваат. Потоа стручњаците проверувале дали некој од нив починал.
Мартин Шипли, кој е ко-автор на истражувањата, вели дека сознанијата укажуваат на тоа дека досадата има јасна поврзаност со срцевите болести „Важно е оние со досадна работа да најдат некои надворешни интереси за досадата да ја држат подалеку од себе наместо да се препуштаат на цигарите и пиењето.“, вели тој.
На сето тоа Грахам Прајс додава дека е важно луѓето да ги разликуваат причините и последиците. Тој се прашува дали тие луѓе се препуштаат кон цигарите и алкохолот затоа што им е досадно или затоа што имаат одредени карактерни особини коиги водат кон тоа. Тој тврди дека на луѓето кои се демотивирани и кои не се инспирирани од сопствеиот живот, заради што стануваат депресивни, најдобро е вниманието да го насочат наместо кон себеси кон другите луѓе. Наместо постојано да размислуваат за себеси, би требало да мислат за тоа што можат да направат за семејството, пријателите и колегите. [You really can be bored to death, scientists discover]