Кинеската автомобилска компанија Dongfeng Motor и францускиот Renault ќе работат заедно на производството на целосно електрична верзија на моделот Fluence ZE за кинескиот пазар.
Зделката била склучена при неодамнешната посета на шефот на Dongfeng, Џу Јанфен во центарот за истражување и развој на Renault во Париз. Новиот автомобил со марката Dongfeng ќе се произведува во фабриката во кинескиот град Вухан од 2017 година и ќе се продава исклучиво на кинескиот пазар.
Станува збор за електричната верзија на моделот Fluence ZE, која ќе има 70-киловатен мотор придвижуван од комплет литиум-јонски акумулатори со капацитет од 22 киловат часа.
Електричниот автомобил со четири врати не успеа да оствари одржлива продажбат во Европа и беше запрен од производство во 2014 година. Заедно со јапонската Nissan Renault е меѓу најуспешните производители на електрични автомобили во светот.