Донација од Оxette и купувачите за жените кои се борат со ракот на дојка

Заврши три месечната хуманитарна кампања “Затоа што сите веруваме” во организација на брендот за накит Oxette и здружението Борка. 

Во текот на летните месеци од продажбата на секој производ од брендот Oxette се донираа 2% за хуманитарни цели. Кампањата имаше за цел зголемување на свесноста за ракот на дојка и собирање на средства кои потоа ќе бидат искористени за поддршка за жените кои се бораат со оваа болест.

“Бескрајно им благодарам на потрошувачите на Oxette кои во изминатите три месеци купуваа во нашите продавници и со тоа донираа за оние на кои навистина им е потребна поддршка. Оваа кампања е доказ дека хуманоста постои, само треба да ја поттикнеме”, изјави Елена Јанкоска, сопственик на Oxette.

image-6

На денешната средба со медиумите, Претседателката на здружението Борка, Биба Додева истакна дека во земјата бројот на заболени од рак на дојка е во постојан раст. Новата статистика во Македонија, покажува 1.152 нови случаи со рак на дојка, за разлика од 2008 година кога бројот изнесувал 750.

Од собраните средства ќе бидат купени десетина перики кои здружението Борка, ќе ги додели на жени заболени од рак на дојка од социјално загрозени групи. Здружението Борка се заблагодари за поддршката и интересот на Oxette и потрошувачите на нивната хуманост и желбата за зголемување на свесноста за ракот на дојка.

- Реклама -