Доналд Трамп: Ако Хусеин и Гадафи беа уште на власт, светот ќе беше подобар

Американскиот претседателски кандидат, милијардерот Доналд Трамп смета дека ситуацијата на Блискиот Исток ќе беше многу подобра ако во Ирак и Либија не се беа случиле преврати.
“Јас сум 100% сигурен дека светот ќе беше подобро место ако Садам Хусеин и Моамер Гадафи беа на власт во моментов “, рече Трамп во интервју за CNN.

“Погледнете го Ирак. Претходно таму немаше терористи, бидејќи Хусеин наредуваше да бидат веднаш уништени. Денес Ирак личи на “Харвард”, смер за обука за тероризам. Не велам дека Хусеин беше многу пријатен човек. Тој беше одвратен, но сега ситуацијата е многу полоша, а во Либија, никој воопшто не разбира што се случува “, изјави Трамп.

- Реклама -