Со растот на глобалното население дизајнерите и архитектите бараат алтернативни начини за живеење, и многу од нив се фокусираат на морето.
Со нивниот облик на куполи и цветови јасно е дека многу од овие дизајни никогаш нема да станат реалност, но тоа не значи дека домовите на вода се научна фантастика. „Бидејќи дизајн сè уште не е реалност тоа не значи дека истиот нема потенцијал“ вели Марија Лорена Леман, основач на Sensing Architecture, онлајн форум за архитектонски дизајн, наука и нови технологија.
Pearl
Оваа еко-куќа е концепт на индустријскиот дизајнер Орхан Цилели. И иако повеќето куќи-бродови имаат рамно дно што значи дека тие се нишаат дури и при најмали бранови, дизајнот на Pearl би бил стабилен дури и на отворено море. Но Pearl е повеќе од само кул дизајн.
Четири катната куќа, која има голема отворена палуба и стакленик и би користела технологија за алтернативна енергија – искористувајќи ги брановите и сончевата енергија за движење и создавање електрична енергија.
WHY Floating Home
Со речиси 280 метри квадратни простор и три палуби концепт јахтата WHY е дизајнирана за живеење. Овој дом користи термална енергија и рециклиран органски и неоргански отпад за што е можно помало влијание врз морето. Домот е луксузен и изгледа прекрасно со минималистички ентериер и стаклени ѕидови и дрво во центарот.
Fioriella
Хјун Сеок-Ким го дизајнирал овој цветен дом. Кога е затворен тој изгледа како јајце а кога ќе се отвори станува прекрасен лотус. Домот е дизајниран за оптимален подводен поглед.
House on Water
Овој дизајн на Једрзеј Левандовски од Le 2 Workshop има палуба на површината на водата и подигнат простор за живеење. И иако овој дом изгледа комплетно футуристички, тој е веќе изграден. Идејата зад дизајнот била да им се овозможи на луѓето да добијат искуство на јахта без проблемите со навигација. Соларните панели на покривот се само дел од еко-елементите. Домот има и систем за отстранување на сол од морска вода.
House on Water
Овој дизајн на Једрзеј Левандовски од Le 2 Workshop има палуба на површината на водата и подигнат простор за живеење. И иако овој дом изгледа комплетно футуристички, тој е веќе изграден. Идејата зад дизајнот била да им се овозможи на луѓето да добијат искуство на јахта без проблемите со навигација. Соларните панели на покривот се само дел од еко-елементите. Домот има и систем за отстранување на сол од морска вода.
The Citadel
Овој пловечки комплекс бил дизајниран од Коен Олтуис од Холандија. Комплексот користи неколку техники за намалување на потрошувачката на енергија за 25 проценти. Дизајнот е одговор на намалувањето на просторот за живеење во Холандија.
Наместо да создаваат нови површини со насипи и скапи процедури за исцрпување на водата Олтуис ги прифаќа промените во животната средина и ги искористува за својот дизајн. Градбата е сместена врз пловечки бетонски блок и ќе содржи 60 луксузни станови, паркинг и пат кој ќе го поврзува со копното. Секој стан ќе има сопствена градина и поглед на водата.