Луѓето од домордниот народ Цимане (Tsimane), од пределите на боливискиот Амазон, ги имаат најздравите артерии и најниско присуство на коронарна артериосклероза од сите други популации проучувани досега, заклучува Хилард Каплан од Универзитетот во Њу Мексико.
Истражувачите прегледале повеќе од 700 мажи и жени, и заклучуваат дека речиси 90% од Цимане луѓето имале чисти артерии, што индицира непостоење на ризик од срцеви заболувања.
Дури и (по)старите луѓе покажале одлично здравје. Речиси кај две-третини од тие постари од 75 години речиси да немало ризик од срцеви болести, а кај само 8% е најден среден-до-висок ризик. Кај возрасните лица во САД (притоа не мислиме само на старите), на пример, присуството на среден-до-висок ризик од срцеви заболувања е 5 пати поголемо.
Еден од прегледаните – 80-годишник имал толку здрави артерии, што наликувале на тие на Американците помлади од него и до 20 години.
Активен животен стил
Тимот на Каплан посетил 85 Цимане села во период од 11 години, анализирајќи ги нивните срца со компјутерска рентген томографија (CT X-ray scan).
„Нивниот животен стил сугерира дека исхрана со низок степен на заситени масти и богата со непроцесирани јаглехидрати богати со влакна, заедно со див дивеч и риба, непушење, и активност во текот на денот, може да спречи стврднување/зацврстување на артериите на срцето“ (артериите треба да се еластични, а не цврсти, нели).
За разлика од луѓето што живеат во градовите и поминуваат повеќе од половина од својот ден во седење и неактивност, Цимане луѓето се неактивни само во 10% од денот.
„Можеби не е возможно луѓето во индустријализираниот свет да го копираат животниот стил на заедницата Цимане, но има аспекти од нивната исхрана и начин на живот – како непушење или исхрана со малку масти – кои можеме подобро да ги инкорпорираме во нашите животи, за да помогнеме во редуцирање на ризикот од срцеви заболувања“, вели Нилеш Самани од хуманитарната British Heart Foundation.