Сите полека се подготвуваме за одмор. Без разлика што планирате да понесете со себе, едно мора да се најде во вашиот багаж – домашната аптека.
Убод од инсекти
Во текот на одморот големи се шансите да добиете убод од некој инсект. Затоа во вашата домашна аптека која ќе ја понесете со себе секогаш нека има топикална кортикостероидна крема. Се мачка локално неколку дена, се комбинира со ладни облоги, кои исто така треба да ги користите и при изгореници од сонце.
Алергии
Алергиите се многу чести кога сте на одмор. Се јавуваат од разни причини, разни растенија, но се јавуваат и од сонцето. Исто така тука помага кортикостероидна крема која сигурно досега заклучивте дека е важен елемент од вашата домашна аптека. Исто така секогаш земајте ја со себе терапијата против алергии, односно таблетите кои ви ги препишал вашиот лекар бидејќи никогаш не знаете со каков алергиски проблем можете да се соочите за време на летувањето.
Анелгетици и антипиретици
Се подразбира дека ниту една домашна аптека не треба да биде без овие основни лекарства кои можат да ви помогнат во секој момент.
Објавено во соработка со За Здравје.