Дамките од пот на облеката сигурно не се пријатни на изглед. Понекогаш тешко можат да бидат отстранети во машината.
Денеска ќе ви покажеме еден начин како да го постигнете тоа без препарати. Се разбира, за потврдоглавите жолтеникави дамки, ќе треба да ја повторите техниката неколку пати, но резултатот ќе биде одличен.
Имате потреба од:
еднаква количина на лимонов сок и вода
1/2 лажички сол
1/2 лажички сода бикарбона
мал сад
една стара или неискористена четка за заби
Ставете ја еднаквата количина од лимоновиот сок и вода, во мал сад. Додадете сол и сода.
Со помош на четка за заби, исчистете ги исфлеканите места неколку пати. Тријте малку повеќе, доколку е потребно.
Перете во машина за перење во топла или жешка вода.
Ако е неопходно, повторете ја постапката.