Домашна крема против целулит: Првите резултати после 7 дена

Подгответе домашна крема против целулит, што воопшто не е тешка за подготовка.

Што е најважно, оваа крема е многу поефикасна од купените препарати.

Домашната крема против целулит, подготвена по овој рецепт, ќе ги покаже првите резултати после седум дена употреба.

Оваа крема, освен што е идеално средство против „кората од портокал“ исто така е ефикасна и во борбата против стрии.

 

Состојки:

– било која детска крема – 100 мл.

– 5-6  таблети Мумио

– 20 капки етирично масло од портокал

– етирично масло од цимет 3-5 капки

За подготовка на домашната антицелулитна крема, најпогодна е детската крема, бидејќи не содржи никакви штетни додатоци. Има идеален состав на маснотија и влага.

Таблетите мумие, многу чести се користат не само во борба против целулитот, туку и кај стриите. Мумиото ја затегнува кожата, ја зголемува нејзината еластичност, правејќи ја мека и свиленкаста.

Во борба против целулитот многу се ефикасни и етеричните масла. Може да се каже дека тоа е вистинската намена на овие масла. Самите одлучете кое ќе го користите: масло од портокал, лимон…

Маслото од цимет, не само што поседува пријатна арома, веќе и многу делотворно во борба со целулитот. Во комбинација со маслото од потрокал дава одлични резултати.

mumio_1

Подготовката на кремата е многу едноставна:

Во тегла, ( не помала од 150 мл) ставете ја детската крема. Потоа додадете ги таблетите иситнете и промешајте. Таблетите чувајте ги во ладилник, така полесно се ситнат. Додадете 20 капки од маслото и не повеќе од 5 капки цимет.

Сите состојки темелно промешајте ги, затворете и оставете да отстои 8-10 часа. После тоа, промешајте повторно. Вашата домашна антицелулитна крема е подготвена за употреба. Не заборавајте да ја затворате теглата, после секоја употреба на кремата.

Резултати

За постигнување на најдобри резултати потребно е кремата да ја втриете секојдневно во проблематичните делови од телото, со силни движења. Првите резултати се видливи по 7 дена.

Рок на употреба – 3 седмици.

После нанесувањето на кремата, почекајте кожата да впие, потоа облечете пижами. Можат да останат темни глеки од таблетите, но лесно се перат.

За постигнување уште подобри резултати се препорачува пилинг на телото за време на туширањето, барем два пати во седмицата и антицелулитна облога од кафе и чоколадо.

m

- Реклама -