Зачувајте ги парите и во слободно време направете домашно средство, со кое што ќе ги измиете и дезинфицирате садовите.
Во продавниците и супермаркетите наидуваме на делотворни хемиски средства, кои ги отстрануваат сите дамки и нечистотијата.
Меѓутоа, честопати тие средства во себе содржат разни токсични елементи и со сигурност можеме да утврдиме дека не се еколошки. Затоа ви подготвивме проверен домашен рецепт со чија што помош лесно можете да ги измиете садовите, но и да ја зачувате околината.
Состојки:
60 г. домашен сапун
120 мл. вода
60 мл. оцет
5 до 25 капки есенцијално масло
Подготовка:
Состојките помешајте ги во пластично шише, протресете пред да употребите. Ставете 1 до 2 супени лажици на сунѓерот кога ќе започнете со миењето.