Ја сакаме домашно подготвената козметика, бидејќи е природна и знаеме што точно има во неа.
Денеска ќе ви покажеме како да се погрижите за вашите усни со овој кул балсам од само 3 состојки.
Потребни производи:
2 лажички пчелин восок
2 1/4 лажички масло од јојоба (можете да користите и друго масло кое ви се допаѓа)
6 капки на етерично масло од грејпфрут, лимон, или мандарина
Начин на приготвување:
Се топат восокот и маслото од јојоба во вода. Мешајте додека не се соединат целосно.
Оставете да се оладат и додадете етерично масло.
Потоа истурете ја смесата во соодветно кутивче и оставете да отстои барем 20 минути, за да се зацврсти.