Една компанија од Јапонија ветува крај на непријатни ароми со нивната долна облека што неутрализира непријатни миризби која наводно е хит помеѓу јапонските бизнисмени.
Seiren, компанијата одговорна за долната облека Deoest, вели дека работи на создавање на овој производ веќе неколку години. Моќта за неутрализирање на миризби доаѓа од керамички честички кои абсорбираат мириси и се инкорпорирани во влакната на ткаенината.
Иако од Sieren велат дека облеката била развиена за луѓето со медицински проблеми, Deoest брзо станале многу популарни помеѓу јапонските бизнисмени. По успехот на нивната долна облека, компанијата почнала да произведува облека што неутрализира непријатни миризби и за други делови од телото, вклучително и чорапи и маици.