„Долговите на сите запишани на вересија до 15-ти јуни се платени“

Пред некој ден, жителите на Високо (централна Босна) се разбудија и налетаа на чудни известувања на излозите на еден куп локални гранапи и мини-маркети. Во известувањата пишува дека долговите на сите што се имаат запишано на вересија од којзнае кога па до 15-ти јуни годинава – се платени.

Се чудат и купувачите, и трговците. Сé што знаат овие вториве е само дека пред некое време по локалните продавници шетал некој мистериозен маж и ги прашувал и евидентирал колку вкупно долг имаат наталожено од комшиите неплаќачи кои се запишувале на вересија.

Некој ден подоцна, дуќаните почнала да ги обиколува непозната жена.

„Доаѓа женската со коверт, колку беше долгот – толку пари ми изброи, ми плати и си отиде. Мислев дека некој нé заебава“, вели Едип Чалук, еден од благодарните трговци.

Тој, како и другите негови „колеги“, не може да се изначуди што му се случило. Жената што ги плаќала долговите не побарала никаква потврда за подмирување, никаде не потпишала, ниту пак била љубезна да објасни што се случува. Тек-тук само нагласила дека сака да остане анонимна. Чалук бил убеден дека парите во пликото биле лажни. Не биле.

Шо убаво звучи да си жител на ваков град, нели?

 

- Реклама -