Долгите вештачки трепки, што ги лепат дамите, може да им наштетат на очите, утврдија американските научници.
Откритието било направено од истражувачите од Технолошкиот институт во Џорџија. Се покажало дека долгите трепки оформуваат нешто како ветар околу површината на очите што ги суши.
Екипата на Гијермо Амадор спровела експерименти со вештачко око, со тоа што кон него биле упатени воздушни струи, од кои некои содржеле и прашина.
На истренираното око биле монтирани трепки во различни должини, за да се види како го штитат истото од надворешни влијанија. Се покажало дека долгите трепки придонесуваат кон собирање на туѓи материи во окото и го сушат.
Покрај ова и премногу кратки трепки исто така не биле здрави, бидејќи не го штителе окото од надворешни струи. Според научниците идеалната должина на трепките треба да претставува една третина од должината на окото.