Дејвид Атенбороу е веројатно најпознатото лице и глас од светот на документарните филмови посветени на природата и животните.
Јутјуб-ерот Али Џарз решил да му го позајми гласот, па ја вметнал неговата нарација во неговото документарно видео, наречено „Fangirls“, посветено на еден релативно нов животински вид – женски обожавателки. За потребите на документарецот се употребени снимки од овогодинешниот City Youtube Summer фестивал. Обожавателки… стварно се посебна сорта, нели?