
Враќајќи се во Македонија за да го започне процесот на ревитализација на споменикот создаден од нејзиниот покоен татко, уметникот Глигор Чемерски, и од архитектот Радован Раѓеновиќ, Чемерска ги испреплетува архивските снимки и личните сеќавања со сегашноста на споменикот. Преку оваа лична приказна филмот ги отвора прашањата за загубата, наследството и исчезнувањето на некогаш споделениот општествен идеализам.
Филмот произлегува од долгогодишниот проект „Татковина: Споменик на слободата“, инициран од Чемерска во 2017 година, кој кулминираше со целосната реставрација на споменикот и неговите мозаици во 2024 година.
Светската премиера на „Руини“ се одржа на 14 јуни 2026 година, во натпреварувачката документарна програма на 28. Шангајски интернационален филмски фестивал.
„Руини“ е во продукција на Cinema Futura и Minimal Collective од Македонија, во копродукција со Restart од Хрватска и POTEM од Словенија.



