Документарен филм за македонската хип – хоп сцена

Неформалната организација хип-хоп Македонија, која во изминатите 10 години работи на промоција на македонската андерграунд хип-хоп сцена, сними документарен филм за културата на овој музички правец во Македонија.
Имено, на 16 ноември во Кино Фросина – МКЦ, со почеток од 21 часот ќе биде промовиран филмот на кој работеле две години, а кој го носи името “Сложувалка”. Се работи за 38-минутен колаж од размислувања на голем број хип-хоп артисти кои оставиле белег на македонската андерграунд сцена.

Името на филмот доаѓа од идејата дека спојувањето на нивните размислувања во една идеја е процес сличен на сложувањето на коцките кај сложувалките, со цел на крајот да се дојде до бараниот резултат.

Филмот ќе биде промовиран во рамките на филмскиот фестивал Cinedays. Влезот е бесплатен.

slozuvalka_600

Еве што велат организаторите за настанувањето на проектот:

Додека “Сложувалката” се уште постоеше како идеја, но и се до самиот крај на монтажата, се прашувавме што сакаме таа да претставува. Дали да биде тоа класичен хип хоп филм кој ќе говори за историјата на македонскиот хип хоп? Да се посветиме ли само на уметничкиот дел од културата? Што е дозволено да се стави во еден документарен филм за хип хоп? Дали сакаме тоа, на крајот, да биде ‘документарец’?

Прочитајте и:  Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во режија на Сашо Кокаланов вечерва на сцената на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево

Има неколку прашања за кои разговаравме, а на кои најдобар одговор може да дадат луѓе кои се дел од самата хип хоп култура во Македонија. Ги има повеќе – Ицко и ВиЏи (Чиста Околина), Тец (Most Wanted/Ошав Прод.), ДЈ Гоце (САФ), Профо и Човекот Екс (Клан Исток), Против Сите, Хром (графити), Тигаз (ДНС), Тони Зен, Green Out, Пука Козметика, Брус, Слаткаристика, Џоџо (Стрес), Жиле и Вали, Огнен (битбокс), Зад Аголот, Титаниум, Токсиколози, Авторизација, Дивизија.

Затоа, ‘Сложувалка’ не е класичен хип хоп документарец. Тоа е 38-минутен колаж од ставови, искуства и идеи на личности од македонскиот хип хоп. Во него не се документира историјата на оваа култура, туку се поставуваат прашања и се отвара дискусија за нејзината сегашност, притоа споредувајќи ја со сложувалките кај кои пристигнувањето до целосната слика е процес кој бара трпеливост, интелигенција и креативност.

Затоа, тргнавме од првото правило на хип хопот:
Нема правила.

Направи нешто и изнајди решение за некој проблем преку поставување на вистинските прашања.

Датум: 16 ноември 2015
Место: Кино Фросина – МКЦ
Почеток: 21:00 часот
Cinedays Festival

Реализација Хип Хоп Македонија

- Реклама -