Доколку имате проблеми со висок крвен притисок, не треба да ја јадете оваа храна за појадок

Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, може да предизвика сериозни здравствени проблеми доколку не се контролира правилно.

Постојат одредени работи што можете да ги правите за да го контролирате крвниот притисок, а освен да ги земате лековите што ви ги препишале и да вежбате, треба да внимавате и што јадете.

Како што пишува британски „Експрес“, прекумерното консумирање сол е една од главните познати причини за хипертензија. Сепак, солта не е единствениот фактор во исхраната кој придонесува за висок крвен притисок.

Експертите на „Health Match“ издвоија четири популарни опции за појадок кои лицата со висок крвен притисок всушност треба да ги избегнуваат:

Засладени снегулки и житарки

Житарките кои на прв поглед изгледаат здрави можеби не се најдобриот избор за почеток на денот. „Health Match“ тврди: „Повеќето пакувања од житарки можат да бидат погрешни. Тие тврдат дека се здрави бидејќи содржат хранливи материи и цели зрна, но тоа не е целата вистина“.

Тие објаснуваат дека многу такви житарки се „силно обработени и содржат додаден шеќер“. Истражувањата покажаа дека една шолја вакви житарки има иста концентрација на шеќер како три колачиња“.

Високото ниво на шеќер го попречува производството на азотен оксид, кој помага во проширување на артериите, што може да придонесе за висок крвен притисок. Шеќерот придонесува за зголемување на телесната тежина, што го зголемува ризикот од висок крвен притисок“, пренесува „Health Match“.

Мафини

Иако се многу вкусни, мафините содржат нездрави состојки како рафинирано брашно, шеќер и масло. „Индустриски произведените мафини содржат висока концентрација на штетни состојки, што ги прави значаен фактор на ризик за дебелина“, истакнуваат од „Health Match“.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

Проблемот е што состојките од кои се направени овие популарни десерти честопати не се воопшто хранливи. „Рафинираните состојки во мафините немаат хранлива вредност. Поради високата содржина на шеќер, телото брзо ги вари, што предизвикува нагло зголемување на нивото на инсулин“, додаваат тие.

Сланина

Една од најпопуларните состојки во многу опции за појадок е сланината, која може значително да го зголеми крвниот притисок. „Health Match“ предупредува: „Преработеното месо, како сланина и шунка, се штетни за вашето здравје доколку имате висок крвен притисок. Сланината содржи висока концентрација на натриум, кој го зголемува крвниот притисок доколку се консумира редовно“.

Четири парчиња сланина содржат околу 660 милиграми натриум, што е речиси половина од препорачаната дневна доза од 1.500 милиграми, пишува „Експрес“.

Вафли

Како и мафините, вафлите можат да бидат привлечен појадок, но можат да му нанесат повеќе штета отколку корист на телото.

„Вафлите содржат едноставни јаглехидрати кои го олеснуваат варењето. Рафинираните состојки во брашното придонесуваат за дебелина и високи нивоа на инсулин“, истакнуваат од „Health Match“.

Дебелината предизвикува атеросклероза, која ги стеснува ѕидовите на артериите и доведува до хипертензија. „Кога масното ткиво се депонира на ѕидовите на артериите, срцето мора да работи понапорно за да пумпа крв во различни делови од телото“, заклучуваат експертите.

- Реклама -