Доказите упатуваат на допинг – пронајдени тестостерони и игли во куќата на Писториус

Полицијата соопшти дека во спалната соба на јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус, обвинет за убиство на својата девојка, пронашла две кутии тестостерон и игли.

Истражните органи ги поднеле овие докази до судот со кои се потврдува обвинението против Писториус за убиство со предумисла. Ова откритие упатува на можноста атлетичарот да користел допинг.

Тој инаку е првиот параолимпиец во историјата кој учествувал на Олимписки игри, и тоа во Лондон 2012 година, каде што трчаше во полуфиналето на 400 метри и во финалето на штафета 4×400 метри.

314624_pistorijus-foto-ap-1_f

26-годишниот атлетичар тврди дека ја застрелал случајно 29-годишната Рива Стенкамп во четвртокот мислејќи дека е провалник.

Обвинителот на последното сослушување, меѓутоа, рекол дека неименуван сведок слушнал расправија во куќата на Писториус непосредно пред Стенкамп да биде пронајдена мртва.

- Реклама -