Снимката е објавена на „Подгорички времеплов“, а со оглед дека нема многу податоци, освен дека момакот е од Ужице, видеото е препуштено на отворена интерпретација на корисниците на друштвените мрежи, впрочем како и речиси сè друго што ќе заврши на интернет.
Меѓу разните теории две се најзастапени. Според едната од нив, момаков останал без клуч од станот, па се обидува да се качи и да влезе преку балкон. Држи вода, а и нема да биде првиот. Според другата теорија, која евидентно е и омилена меѓу корисниците, момаков морал вака да повиси откако сопругот на жената со која швалерисувал се вратил порано од работа.
Во секој случај, кои и да се причините, евидентно во видеото е дека човеков пробува да се качи на балконот, но не за долго. Во еден момент, се откажува. Исходот е комичен сам по себе: