Дојде ред и Џими Кимел да ѝ ги изеде бонбоните на ќерка му

Секоја година на Ноќта на вештерките/Halloween, американските деца се маскираат и одат од врата на врата да собираат бонбони и слатки. И секоја година, барем последниве неколку, многу од тие деца се будат следното утро само за нивните родители да им кажат дека им ги изеле сите собрани бонбони и слатки. А зошто? Зашто на Џими Кимел му текна и ја популаризираше фората.

Се изнагледавме деца како вриштат, плачат, се трескаат од земја, или глумат дека сé е во ред. Дојде ред и на ќерка му на Кимел.

- Реклама -