HTC One Max официјално е факт. Првиот фаблет на тајванците пристигнува како зголемена верзија на One, а кон неговите додатоци се додаваат и microSD слот и скенер за отпечатоци.
One Max сепак е интересен со двата официјални додатокот кои HTC ги најавија со него – игла и футрола со врадена батерија.
Футролата се нарекува HTC PowerFlip Case и го штити HTC One Max од сите страни, а има и капаче кое го покрива огромниот дисплеј. Таа може да се користи и како држач за гледање на видео, но поинтересно за неа е вградена батерија со капацитет 1200 mAh, која обезбедува дополнителни часови на работа. Со неа фаблетот се базира на вкупно 4500 mAh, бидејќи вградената во него батерија е 3300 mAh.
Футролата ги остава достапни сите копчиња и портови на телефон, а исто така и камерата и скенерот за отпечатоци остануваат не покриени.
Цената на HTC PowerFlip Case ќе биде околу 90 евра .
Другиот додаток кон HTC One Max е игла, кој најверојатно ќе ја олесни работата со апликацијата за колажи HTC Scribble. Но HTC потсетува дека Sense 5.5 e целосно оптимизиран за работа со прсти, a игла ќе се продава во ограничен број земји, главно во Азија.
Ако сепак има корисници за кои овој додаток е важен – има доста алтернативи, иако и без логото на HTC.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk