Официјално HTC One max – Фаблетот кој сите го очекувавме

Конечно дојде денот кога и официјално ќе го видиме првиот фаблет во производство на тајванската компанија HTC, кој уште пред некој месец не привлече како поголемиот брат на HTC One. Овој хибрид е се што може да се посака еден корисник, квалитетен алуминиумски дизајн, врвен хардвер и голем број на иновации.

1

Дизајн

Како и неговиот помал брат HTC One max е изработен од алуминиум, но не е составен целосно од еден дел на маската, што е и добра вест бидејќи може да пристапите до батеријата и да вклучите мемориска microSD картичка. Фаблетот има навистина големи димензии кои изнесуваат 164.5 x 82.5 x 10.29 и тежи 215 грама.

dizajn

Скенер за отпечатоци

HTC не чекаше долго време за да го примени новитетот на Apple, а тоа е скенерот за отпечатоци кој се најде кај iPhone 5s, но со оглед дека се работи за фаблет можностите за вистинска примена на овој мал, но интересен додаток се огромни. Скенерот кај HTC One max се наоѓа на задната страна и препознава три отпечатоци од различни прсти со кои може да отворите три различни апликации.

skener

Екран

Веќе стана природно кај новите смартфони и фаблети да го добиваме Full HD стандардот, а HTC One max има токму таков 5.9 инчен екран со резолуција од 1080×1920 пиксели со густина на сликата од високи 367ppi.

ekran

Перформанси и достапност

Фаблетот нема да има никакви проблеми со навремено извршување на операциите благодарение на четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 600 процесор со брзина од 1.7 GHz, надополнети со 2 GB RAM кои ќе го одржат мултитаскингот на високо ниво. За вашите податоци и фајлови се обезбедени 32 GB меморија, а батеријата од 3300 mAh ќе биде доволна за подолга употреба со едно полнење. HTC One max веднаш започнува со продажбата на глобално ниво и се очекува да биде вистински хит за време на празничната сезона.

[youtube]http://youtu.be/X3nccIJ7L_o[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -