Норвешката група Radi-Aid мисли дека веќе е доста од тажни приказни за тешките услови за живот во Африка. Токму затоа тие ја лансирале YouTube кампањата “Africa for Norway” во име на измрзнатите деца во Норвешка.
Нормално, видеото е сатирично, младината од Африка не им испраќа грејни тела на премрзнатите Норвежани. Целта на музичкото видео е да се посочи позитивната промена во Африка, континент кој повеќе не е целосна катастрофа како што некои луѓе сè уште го претставуваат.
Норвешкиот Students’ and Academics’ International Assistance Fund го создале видеото со надеж да ја насочат помошта кон создавање вистински решенија наместо кон искористување на стереотипи.
„Замислете ако секое лице во Африка го видеше “Africa for Norway” и тоа да им беа единствените информации за Норвешка. Што ќе помислеа тие за Норвешка?“ пишува во изјава на групата. „Ако некој рече Африка, која е вашата прва мисла? Глад, сиромаштија, криминал или СИДА? Ништо чудно со оглед на тоа што секоја кампања за помош се фокусира на тие работи.“