Конечно имаме добра вест за жените и големината на нивните облини, а кои немаат никаква врска со нивната привлечност за мажите.
Не, големиот задник добро ќе дојде, ни помалку ни повеќе, на вашето бебе.
Поточно, маснотиите на женските задници и гради се неопходни за развојот на мозокот на бебето, особено за време на доењето. Дека масните клетки се „храна за детскиот мозок“, дефинитивно го покажа истражувањето на научниците од Питсбург, кои исто така дожажеле и зошто жените најтешко слабеат токму во тие делови од телото, пренесува Telegraf.
„Мастите во делот на задникот и градите е складиште за изградба на мозокот на бебето. Потребни се многу липиди за изградба на нервниот систем, а мастите од тие области се збогатени со докозахексанонска киселина (DHA) која е важна компонента на човечкиот мозок“, изјавил професорот Вил Ласек, автор на студијата.