Ова место е домот на хобитите од познатата филмска триологија “Господарот на прстените”. Градот се наоѓа во Матамата, Нов Зеланд, а благодарение на „прстените“, хобитоманијата го зафати целиот свет, па многу луѓе посакаа да живеат како малите кино-херои.
Така се родија градот на хобитите на италијанските Алпи, понатаму куќата на хобитите во Велс, па дури и хотелот на хобитите во Нов Зеланд. Но, најверодостојниот и актуелен град на хобитите, се наоѓа во новозеландскиот град Матамата, на фармата на семејството Александер (Alxander Family Farm), каде има цели 37 подземни куќи изградени како дел од градот на хобитите за целите на филмот.
Оваа зона се претвори во вистинска туристичка атракција на регионот, но и на целата земја. Населбата е отворена за посети од фанови и туристи во 2002 година. Месноста се одликува со убави мали хобитски куќи, опкружени со неверојатната природа. Тука е сместен и хобитскиот паб „Зелениот змеј”. Тој е омиленото место за Фродо, Мери и Сем кои сакаат да пијат таму. Официјално е отворен на 29 ноември 2012 година од Новозеландскиот премиер Џон Ки.
И воопшто не е изненадувачки тоа што градот на хобитите доби токму таква практична примена. Во текот на летото во овие подземни објекти е супер, а на зима топло.